Дали познаете личност која постојано живее во страв од тешка и сериозна болест? Постојано бара помош од лекар и се консултира за речиси секоја болка?
Погодувате, станува збор за хипохондрија – пореметување кај кое едно лице е целосно преокупирано со страв од тешка и сериозна болест.
Најчести симптоми на хипохондријата се:
– прекумерен страв или загриженост дека одредена болест е присутна
-загриженост дека и малите симптоми укажуваат на сериозна болест
– чести посети на лекар за консултации за одредени симптоми
– неприродни социјални односи
-опсесивно читање на теми за здравје
-емоционален стрес
-честа анксиозност и проверување на телесните симптоми
– често проверување на пулсот или крвниот притисок
– увереност дека имате болест откако ќе прочитате или слушнете за неа
– избегнување на „ризични” ситуации, како што е престој во болница
-неверување на лекарски наод.