Графиконите ја прикажуваат излезноста, поодделно на првиот и вториот круг на досега одржаните претседателски избори. Притоа кај вториот круг се земени предвид конечните резултати, по евентуално одржано прегласување и сл.
Податоците покажуваат дека просечната излезност во првиот круг е 985 726 гласачи, а во вториот 938 726 гласачи, што значи дека во просек излезноста на претседателските избори во првиот круг е поголема од таа во вториот круг за 47 432 гласачи.
Набљудувано по поодделни претседателски избори не постои униформна насока на движење на разликата во излезноста меѓу првиот и вториот круг. Во два случаја, во 1999 и 2014 година, излезноста во вториот круг се зголемила и тоа за 61 538 и 98 077 гласачи соодветно.
Во други два случаја, во 2004 и 2009 година, излезноста во вториот круг била помала во споредба со првиот круг за 26 038 и 255 229 гласачи, соодветно. Досегашната практика покажува дека нема правило во однос на тоа во кој круг и за колку излезноста ќе биде поголема.