Ова е делот од Протоколот за т.н. говор на омраза, полош и од член 133 од КЗ на СФРЈ за „непријателска пропаганда“. Оваа цензура која сега се воведува, практично е полоша од таа во споменатиот член 133. Еве што пишува во овој дел:
„- Државите ја потврдуваат обврската за преземање на мерки против секој вид на говор на омраза и ги определуваат министерствата за надворешни работи за контакт и за информирање на надлежните институции за заедничко идентификување на такви случаи, во написи на јавни згради и споменици, текстови во учебници и учебни програми, како и во јавниот простор.
– Државите ќе создадат, без одложување, соодветна процедура и конкретни чекори за преземање на брзи и ефективни мерки при идентификување на такви случаи.
– Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за превенирање на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и ќе обесхрабруваат активности на приватни субјекти, насочени кон поттикнување на насилство, омраза или други слични активности, кои би наштетиле на нивните односи.“
Како можете да видите, поимот „јавен простор“ се однеусва буквално на се, а пред с ена социјалните мреи. Потоа, јасно е дека ќе се формира кодошко тело кое за се што не му се допаѓа или не и се допаѓа на Бугарија, ќе ги алармира МВР или ЈО (на пример, тврдењето дека св. Кирил и Методиј не се Бугари или слично).
Во токата 3 стои терминот „недобронамерна пропаганда“. Кој и како ќе го оценува тоа? Што е тоа
„недобронамерна“? Кој тоа и како ќе го докаже? Никако, туку ќе се рабти за произволно политичко толкување. Јасно ви е дека ова ќе биде полошо и од времето на 1948. Што ако во кафеана, која е јавен простор, зборувате нешто на маса пред неколку луѓе нешто што според оваа одредба ќе биде оценето како „недобронамерно“ или како “говор на омраза“ и сл. Полошо од 1948? Да, многу полошо!