Смртта е крај на сè, барем физички – но се чини дека тоа и не е токму така. Се чини дека смртта не става крај на движењето на телото и не станува збор за зомби, туку за обични луѓе, тврдат австралиските научници, кои дошле до неверојатно откритие во нивната студија.
Изтражувањето беше спроведено на „фарма на тела“ во Австралија, а целта му беше да утврди како точно се распаѓаат телата. Она што тие го забележале е дека труповите не се целосно вкочанети и дека можат да се движат дури и една година по официјално прогласената смрт.
Тим научници го проучувале временскиот период на пропаѓање на телата, гледајќи фотографии од труповите направени на секои 30 минути во период од 17 месеци. Тие очекуваа да видат некои промени на сликите во првите денови по смртта, но биле сведоци на движења година и половина, верувајќи дека овие движења се резултат на „исушувањето на лигаментите“.
„Откривме дека рацете се движат значително, така што тие на почеток беа спуштени до телото и на крајот завршија нагоре“, вели авторката на студијата Алисон Вилсон.
Таа објаснува како секој ден учиме нови работи за смртта, а иако секоја култура и религија има свои филозофии и уникатни идеи на оваа тема, почнуваме да учиме многу нови научни факти за неа.
– Движењата по смртта се поврзани со процесот на распаѓање, телото на тој начин се мумифицира- вели Вилсон.