Австрискиот вицеканцелар и лидер на Слободарската партија Хајнц-Кристијан Штрахе го нарече францускиот претседател Емануел Макрон „замајувач“ и го обвини дека е со-одговорен за неодговорниот курс на „централистичката“ ЕУ.

– Се во ЕУ потсетува на филмот „Пирати од Карибите“. Капетанот стои пијан зад кормилото и следи курс на Меркел иако гледа дека ќе се насука, нагласи Штрахе на синоќешното традиционално обраќање на крај од карневал.

Тој им порача на гласачите во Рид дека на 26 мај на изборите за ЕП, тој курс треба да се смени. Неговата партија и тој се залагаат за децентрализирана ЕУ, со помалку надлежности на Брисел и поголеми надлежности на членките.