Поради штрајк на грчките царински служби Граничниот премин Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од денеска од 05:00 часот, па до утре 05:00, соопшти вчера Министерството за внатрешни работи.
– Раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24-часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05.00 часот на 24.11.2020 до 05.00 часот на 25.11.2020 година, се нагласува во соопштението од МВР.