Дел од вработените во МАНУ го активираат штрајкот што го започнаа и го прекинаа минатата година и бараат зголемување на платите. Синдикалците најавуваат дека штрајкуваат 36 вработени во техничката служба. Ќе работи само архивата за примање пошта и дел од вработените во лабораторијата, додека останатите вработени нема да вршат никаква задача додека не им се исполни барањето. Синдикалците велат дека по најавите за активирање на штрајкот, вработените добиле закани за отказ.
Обвинуваат дека по најавите за рекативирање на штрајкот, наместо обид за решавање на проблемот, тие почнале да добиваат закани од академиците. Според првиот човек на УПОЗ, била донесена и одлука за ангажирање на наворешна фирма која би требало да ги замени врабтоените, а дел од нив, вели Деаноски веќе посчнале и да извршуваат работни задачи.
„До денеска поминаа 9 месеци вработените не добија ништо освен закани, псоцти и навреди. Наместо да се реши проблемот се ангажираат адвокатски канцеларии кој за неполн час давање совети наплаќаат половина од средствата за плата на најголем дел од овие вработени и наместо да се бараат средства за достоинствени плати како другите високо образвони институции во државата, не се бараат а се обезедевуаат средства за други потреби и други исплати кон други вработени во МАНУ и за академиците“, изјави Трпе Деаноски од УПОЗ.
Запрашан за изјавата на првиот вицепремиер Изет Меџити, кој пред извесно време рече дека Академијата треба да ги отвори вратите за Албанците, првиот човек на синдикатот на МАНУ, Вујовиќ, рече дека нема да коментира за научници, туку што се однесува до другите вработувања, конкурсите се отворени за сите, но во последните 15 години никој не се пријавил, токму поради ниските плати.
Синдикалците потсетуваат дека според потпишаниот договор МАНУ имаше рок до 31 декември минатата година да потпише колективен договор и да направи законски измени за да се реши проблемот со платите. Не прецизираат точно колкав е процентот на покачувањето што го бараат, но велат дека е потребен нов начин на пресметување.