На државната администрација и пукна филмот. Протести најавуваат постојано. Од денеска вработените од УЈП, секој ден по два часа ќе штрајкуваат без да ги извршуваат работните обврски во канцелариите, односно шалтерите ќе бидат затворени. Како што најавија синдикалците, веќе се влезени во постапка за организирање на генерален штрајк. Велат дека револтот на вработените бил се поголем, зашто тие го бараат само она што законски им следува, известува ТВ АЛФА.

„Доколку двете страни ги испазуваат роковите, до датум за генерален штрајк треба да се дојде во рок од 15 дена. Вработените инсистираат на одржување на протестите од кратко траење, да се одржуваат секој ден поради големото незадоволство, со што објективно ќе го изразат револтот од неостварување на правото основано врз основа на закон, а во исто време ќе имаа почит кон граѓаните и даночни обврзници за нивните права.“ изјави Васе Неданоски, претседател на синдикална организација, „Солидарност“.

Тие веќе предупредија дека ако не исполни договреното ќе бидат приморани да одат на генерален штрајк со целонса блокада на работата, а тоа ќе значи колапс за целата држава. Револт се зголеми откако министерството за финансии, под чија надлежност се тие, ги зголеми платите за 30%, но само за вработените во финансии.

„Нашето инсистирање на зголемување на платите е врз основа на законско решение кое е на сила и во примена. Протест и барање на плати е основан Законската основа важи за сите инволвирани страни и во тој дел сметам дека случајот на одобрувбање и потпишување на Колективен договор треба да боиде земен и третиран надвор од концепцијата на новиот закон за плати и работни односи во администрацијата во целина“, дополнува Недановски.

Инаку, вработените на УЈП и во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии. Побараа средба со министерот Фатмир Бесими, но тој не ги прими.

Во знак на револт, веќе од утре, на улица излегуваат и од Царинската Управа. И тие бараат зголемување на платите и рекоа ако не се чуе нивното барање, ќе се радикализираат, па дури и ќе затворат дел од граничните премини.

Од Финансии се согласија просечната плата да биде основица за пресметка на примањата во јавниот сектор, но не сега, туку дури од 2028. година, што Синдикатите е неприфатливо. Велат дека до тогаш „ќе умрат“ за леб.