213 осуденици од полуотвореното одделение во Идризово денеска не земале храна потврди за Телма заменик директорот на Идирзово, Феми Јонузи за Телма. Штрајкот со глад започна во одделението каде викендот имаше судир меѓу полицијата и затворениците од кој повредени излегоа 10 полицајци а на сериозни повреди и неукажување лекарска помош се жалеа и осудениците поради што и го започнаа штрајкот со глад.
За сите други информации Јонузи не упати во Управата за извршување на санкции која од денеска спроведува вонреден надзор во најголемиот затвор во земјава. Извештајот со сите детали ќе го изготват откако ќе разговараат и со осудениците и со затворската полиција. Но колку ќе им помогнат снимките од видеонадзорот засега е нејасно затоа што клучните камери биле свртени во спротивна насока , објаснува за Tелма директрот на Управата Јовица Стојановиќ. Ќе се проверува и на другите камери кои можеби од друг агол го фатиле инцидентот. Едно од прашањата кои треба да се утврдат е и зошто никој не забележал дека камерите се ротирани и не ги снимаат случувањата
Снимките ќе ги гледаат и претставниците на Народниот правобранител. Откако вчера во Идризово биле прекинати од затвореници при прегледување на видеонадзорот, денеска повторно биле таму но сега им биле предадени да ги гледаат во своите канцеларии. Од кабинетот на Омбудсманот за Телма велат дека работат на предметот од повеќе аспети, ќе се обратат до повеќе институции и кога ќе ги добијат сите одговори и комплетна слика за затворските инциденти ќе ја известат јавноста.
МВР викендот објави дека кога полицијата почнала да го прави претресот се собрала група од 60-тина затвореници кои се спротивставиле на акцијата. При претресот изршен со судска наредба се најдени над 80 парчиња ладно оружје, мобилни телефони и дрога.