Утре 6 часа нема полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром, контролорите на летање стапуваат штрајк – соопштија од синдикатот, известува ТВ 24.
Како и утре така и секој следен четврток од 11 до 17 часот нема да полетуваат и да слетуваат авиони, а за 50 отсто ќе биде намален прелетот на авиони преку нашето небо, велат од синдикатот остануваат на барањата за департизација на вработувањата во оваа институција но и за модернизација на опремата.