Само еден ден откако и формално е завршен трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, работниците на Фиат од Торино објавија дводневен штрајк.

„Соочени со ваква неправда не може а да не штрајкуваме“, се наведува во соопштението на вработените.

„За нас е неприфатливо додека вработените и натаму да даваат огромни финансиски жртви, а компанијата да реши да потроши стотици милиони евра за купување фудбалер. Ни рекоа дека сме во период на тешки времиња. И додека работниците и нивните семејства го стегаат ременот се повеќе и повеќе, компанијата решава да инвестира многу пари во само еден човек! Дали е нормално еден човек да заработува милиони, а илјадници семејства да не можат да скрпат ни до половина од месецот? Ние сите зависиме од ист газда, но во овој момент на големи социјални проблеми овој нееднаков третман не може и не смее да се прифати“, се наведува во соопштението на работниците од Фиат.

Во оваа италијанска команија со традиција се вработени лица од три генерации, па секогаш било пракса каков било потег на компанијата или да донесе подобар живот или мизерија, но тоа заеднички се споделувало. Работниците сметаат дека компанијата може да инвестира во нови модели автомобили за да ја обезбеди иднината на илјадници луѓе, а не само на еден човек.

„Тие претпочитаат свет на игри, на забава, па од тие прични ние, Бордот на директорите и Синдикатот решивме да штрајкуваме од недела на 15 јули до вторник на 17 јули“, се додава во соопштението.