Капитенот на Вардар и македонски репрезентативец, Стојанче Стоилов доби син, откри на социјалните мрежи неговиот колега и пријател, Дејан Манасков.

Македонскиот ракометен репрезентативец и лево крило на Веспрем, Манасков, вечерва на својот профил на Инстаграм ја објави убавата вест.

Избраничката на Стоилов, Деница, се породи и на свет донесе здраво машко дете.

На социјалните мрежи клупски и репрезентативни колеги на Стоилов, кој неодамна стапи во брак со Деница, им честитаат и го благословат новороденчето.

Да е здрав и жив и јунак да порасне!