Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Менде Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат идни потпретседатели на СДСМ .
СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, а Шукова, Чупеска, Илиевски и Костова се избрани потпретседатели, неофицијално дознава ТВ Телма од извори во СДСМ.
За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од општинската организација на СДСМ во Гази Баба. Додека за организациони секретари се избрани Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски пратеник во Собранието.