Граѓаните денес се соочуваат со сериозен пад на животниот стандард, а наместо конкретни мерки добиваат празни флоскули и неисполнети ветувања од власта, обвини претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Каја Шукова, во гостувањето во „24 Анализа“, се вели во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Шукова посочи дека особено загрижуваат економските и социјалните политики и тоа што, власта не се носи мерки кои реално ќе им помогнат на граѓаните.
-Најмногу загрижуваат економските и социјалните мерки коишто не се носат во државата. Граѓаните сакаат поубав живот, подостоинствен живот. Сакаат повисока плата, заради тоа што кошничката е скоро 70.000 денари, а ако живеете под кирија е 90.000 денари, додека пак минималната плата е 26.000 денари. Две такви плати кога ќе ги соберете, тоа не е ни минималната кошничка. Власта нека им објасни на граѓаните како се живее од празни флоскули, а не со плата од 26.000 денари, порача Шукова.
Таа додаде дека граѓаните очекуваат конкретни решенија, а не само декларативни ветувања, посочувајќи дека не се преземени мерки кои би го запреле растот на цените на основните производи.
Шукова потсети и на социјалните мерки воведени во периодот кога СДСМ беше на власт, меѓу кои детските и образовните додатоци, помошта во енергетската криза и еднократната помош за корисниците, посочувајќи дека за овие мерки биле издвоени 2,6 милијарди евра.
Шукова потсети и на лагите и ветувањата на ВМРО дадени пред изборите посочувајќи дека останале нереализирани во речиси сите области – од политичките реформи и департизацијата на јавната администрација до ветувањата за силна борба против корупцијата.
-Нека им каже ВМРО на граѓаните која мерка ја донеле за борба против корупција, порача Шукова
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ




