Три противпожарни возила со девет пожарникари се упатени во близина на скопското село Виниче за да го гасат шумскиот пожар на Скопска Црна Гора, потврди за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Пожарот е на непристапен терен и доколку пожарникарите не бидат во состојба да го стават под контрола, како што рече Симоновски, на помош ќе биде повикана Армијата.
Вчера пожарникари на Противпожарната бригада на Град Скопје гаснеа шумски пожар во близина на скопското село Страчинци каде што гореше нискостеблеста шума.