Швајцарија е подготвена да ги обезбеди своите услуги и да биде домаќин на самитот на Русија и НАТО закажан за 12 јануари 2022 година.
– Тоа подразбира дека Швајцарија, како земја домаќин, ќе обезбеди помош при организирање конференции и состаноци, изјави портпаролот на швајцарското федерално Министерство за надворешни работи, Валентин Кливаз.
Тој нагласи дека поради доверливост на информациите, Министерството не коментира конкретни настани или барања добиени од двете страни.
Претходно, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг како претседавач со Советот Русија-НАТО одлучи да свика состанок на тоа тело на 12 јануари 2022 година.
Прес-службата на НАТО потврди дека Алијансата е во контакт со Москва околу организацијата на состанокот, но потсети и на ставот на НАТО дека „секој дијалог со Русија мора да се води врз основа на реципроцитет, што ја вклучува и загриженоста на НАТО за дејствијата на Русија“.
Покрај тоа, НАТО нагласува дека разговорите мора да се засноваат на клучните принципи и фундаментални документи за европската безбедност, како и дека тие мора да се одвиваат во координација со европските партнери на Алијансата.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захаров, вчера потврди дека Русија добила предлог за свикување на самит Русија-НАТО што го разгледува Кремљ.
Таа потсети дека Русија е подготвена за директен дијалог со НАТО за безбедносните гаранции.