Најголеми резерви на злато и девизи во Европа има Швајцарија, покажуваат податоците од референтниот извор „Ворлд фактобук“, кој работи при Централната разузнавачка агенција на САД.
На мапата, која ја објави „Ворлд фактобук“, се прикажани резерви на девизи и злато во долари во сите европски земји, а кои се на располагање на централната монетарна власт за користење во исполнувањето на балансот на потребите за плаќања.
Според оваа мапа, резервите на злато и девизи во Швајцарија изнесуваат 679,3 милијарди долари. На второ место е Русија со резерви на злато и девизи во вредност од 418,5 милијарди долари, а на трето е Германија со резерви на девизи и злато во вредност од 185,3 милијарди американски долари.
Резервите на злато и девизи во вредност меѓу сто и двесте милијарди долари имаат и Чешка, Франција, Италија, Велика Британија, Полска и Турција.