Бившиот претседател на УЕФА, Мишел Платини, објави дека бил ослободен од швајцарските власти за случајот кој доведе до негово заминување од фудбалот. Трикратниот носител на Златната топка доби осумгодишна казна од етичката комисија на ФИФА заради добивање на сума од два милиони швајцарски франци.
Сумата била преефрлена на Французинот во 2011 година од бившиот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, за работа која била завршена десет години пред тоа. И Блатер доби осумгодишна забрана да работи во фудбалот. Подоцна, казната за Блатер беше намалена на шест години, а на Платини на четири.
В 2015 година швајцарските власти почнаа со одделно разгледување на стореното од двајцата испитувајќи дали постои злоупотреба на службената положба.
По три години досието е затворено без подигнување обвинение.