Швајцарците денеска на референдум гласаат за забраната на дискриминација врз основа на сексуална ориентација.
Швајцарскиот парламент претходно го одобри потегот за проширување на постојното законодавство, кое ја забранува расната дискриминација, така што во иднина за нелегално ќе се смета и јавното омаловажување, дискриминација и поттикнување на омраза кон лица врз основа на нивната сексуална ориентација.
Противниците на овој акт, кои инсистиораат на тоа дека со овие потези се крши правото на слобода на мислење, меѓутоа, собраа доволно потписи за да издејствуваат референдум за ова прашање.
Анкетите во пресрет на референдумот, сепак, покажуваат дека постои солидна поддршка кај избирачкото тело за донесување закон против хомофобијата.
Референдумите се честа појава во Швајцарија со која на избирачите им се овозможува директно да учествуваат во донесувањето на политичките одлуки.