Арнолд Шварценегер (76) е приведен на аеродромот во Минхен, јавуваат германските медиуми.

Актерот од Лос Анџелес патувал за Германија, но на аеродромот го запреле цариниците и му бил претресен багажот. Според неколку германски портали, во куферот на Шварценегер пронашле луксузен часовник, по што започнала истрага, пренесува Билд.

Германски Билд доби фотографија на која Шварценегер гледа во камерата и држи кутија додека го испрашуваа царинските службеници. Часовникот што го носел, „Audemar Piget“ припаѓа на „големите три“ компании кои произведуваат часовници, со почетни цени по парче од 17.000 долари до 100.000 долари.

Против американскиот актер е покрената судска постапка поради сомневање дека ги прекршил даночните закони, соопшти прес-службата на главната царинска управа на Минхен.

„Можам да потврдам дека тој е со нас околу два часа. Ова е стандарден процес што сме должни да го спроведеме. Постапката е започната“, изјави претставник на царината.

Тој ниту потврдил, ниту демантира дека причина за поведување на постапката е непријавувањето на часовникот од марка „Одемар Пиге“.