Шведската полиција застрела маж на главната железничка станица во Малме, кој се однесувал „заканувачки“, соопшти полицијата.
Станицата во центарот на Малме е евакуирана по инцидентот.
– Освен мажот кој е застрелан, никој не е повреден. Нему му е пружена итна медицинска помош, се наведува во соопштението на полицијата.
Полицискиот портпарол рече дека е повикана екипа пиротехничари за да го истражат местото на инцидентот, додавајќи дека е прерано да се каже дали настанот е поврзан со тероризам.