Шведската Влада денеска воведе построги мерки во борбата против зголемениот број на инфекции со коронавирусот, што вклучуваат и забрана за работа на кафулињата, баровите и рестораните по 23 часот.
Шведската премиерка, Магдалена Андерсон, исто така, ги повика граѓаните да работат од дома кога тоа е можно и препорача онлајн настава во високото образование.
Од 14 јануари кафулињата, баровите и рестораните нема да можат да работат по 23 часот, а во една група ќе може да има најмногу осум лица.
Владата, исто така, на 50 лица го ограничи бројот на луѓе на јавни настани.
Иако милиони Швеѓани се вакцинирани, Андерсон кажа дека „ситуацијата бара дополнителни мерки во одреден временски период, со цел да се потисне ширењето на инфекцијата и да се намали товарот на здравствениот систем“.
Шведска, земјата која имаше еден од најлибералните пристапи во Европа за време на поголемиот дел од пандемијата, сега се наоѓа во четвртиот бран од пандемијата, кога има брзо ширење на вирусот и висока стапка на зараза.
Во Шведска, за време на пандемијата, немаше таканаречено „заклучување“ на населението (локдаун) или затворање на компании, туку потпирање на совеста на граѓаните дека ќе се однесуваат одговорно. сд/
Иако милиони Швеѓани се вакцинирани, Андерсон кажа дека „ситуацијата бара дополнителни мерки во одреден временски период, со цел да се потисне ширењето на инфекцијата и да се намали товарот на здравствениот систем“.
Шведска, земјата која имаше еден од најлибералните пристапи во Европа за време на поголемиот дел од пандемијата, сега се наоѓа во четвртиот бран од пандемијата, кога има брзо ширење на вирусот и висока стапка на зараза.
Во Шведска, за време на пандемијата, немаше таканаречено „заклучување“ на населението (локдаун) или затворање на компании, туку потпирање на совеста на граѓаните дека ќе се однесуваат одговорно.