Шведскиот суд денеска осуди десничарски пратеник во Европскиот парламент за сексуален напад на колешка од неговата партија – Шведски демократи.

Петер Лундгрен (58), кој беше ослободен од окружниот суд, е осуден на парична казна еднаква на плата од 60 дена, откако „обвинителите презентираа дополнителни докази“ до Апелацискиот суд во Гота во југозападна Шведска.

Судот утврди дека „европратеникот ги допрел градите на тужителката против нејзина волја“.

Лундгрен е пратеник во Европскиот парламент од 2014 година, кога стана еден од првите членови на шведската крајна десница во Европскиот парламент.

Тој беше реизбран во 2019 година.

Жртвата, чие име не беше објавено, тогаш беше пратеник во шведскиот Парламент.