Шведска, која го привлече вниманието со благата стратегија во борбата против коронавирусот, денеска повика на работа од дома, барем до Нова година. Во земјата досега се регистрирани над 80 000 заразени со коронавирус. Земјата има окоу 10 милиони жители и смртност од Ковид 19 од околу 500 лица на милион жители
Мерката има за цел намалување на бројот на луѓе во јавниот превоз, откако властите забележаа зголемен број контакти меѓу луѓето, што претставува голем ризик од понатамошно ширење на вирусот наесен.
Во последните 24 часа во земјата се регистрирани 318 нови случаи.