Пушки и пиштоли од 19. век е откриено близу езерото Јанина во северна Грција, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА.
Оружјето било скриено во патна вреќа, а има одредени индиции за незаконска трговија со антиквитети. Истрагата е во тек.
Станува збор за 11 пиштоли, четири пиштоли со една цевка, пушка со една цевка, двоцевка, две троцевки, пет мечеви, четири футроли за мечеви и две мачети.
Оружјето е предадено на полициските истражители заради натамошна проверка.