Навивачката група „Шверцери“ со соопштение на социјалните мрежи реагираа на одобрената финансиска помош за ФК Вардар од Град Скопје.
Во текот на вчерашниот советниците на Град Скопје изгласаа финансиска помош за Вардар за која градоначалничката Данела Арсовска треба да одлучи колку ќе изнесува.
„Силна ја осудуваме одлуката на град Скопје за финансиска помош на најслабиот тим во престолнината. Без разлика што Шкупи го претставува градот, ниту најмала сума не завршила како овој клуб, кој за настапите во Европа плаќа сериозни пари за играње на скопската Арена. Скопје се финансира од даноците кои граѓаните ги издвојуваат за модерен и урбан град, а не за политички маркетинг. Затоа, бараме ваквата одлука да биде повторно разгледана, а ако таа стапи на сила тогаш бидете подготвени да ги сносите последиците“, објавија „Шверцери“.