Американскиот државен секретар Марко Рубио и заменик-државниот секретар Кристофер Ландау се предложени привремено да го заменат советникот за национална безбедност Мајкл Волц, додека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува потраен избор, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на добро информирани извори.
Специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, инвеститор во недвижности и пријател на американскиот претседател, се разгледува како можна замена за Волц на позицијата советник за национална безбедност, иако сè уште не е донесена одлука, изјави еден од изворите.
Два извори блиски до Виткоф за американскиот телевизиски канал изјавија дека тој не ја сака таа позиција и дека не очекуваат на крајот да биде избран за замена на Валц. Сепак, предупредуваат тие, Виткоф би можел да ја преземе позицијата „доколку Трамп го праша директно“.
„Зошто би го направил тоа? Да биде оптоварен со управување со меѓуагенциските односи наместо да го прави она што го прави сега?“ рече лице запознаено со ставовите на Виткоф, наведува Си-Ен-Ен.