Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал-Тани, пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Белата куќа, објави Си-Ен-Ен.
Катар одигра клучна улога во посредувањето за прекин на огнот меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Газа, иако тие напори претрпеа неуспех откако Израел изврши напад врз раководството на Хамас во Катар на 9 септември.
Си-Ен-Ен проценува дека добредојдето на катарскиот советник во Белата куќа може да биде важен чекор во обидот за унапредување на планот од 21 точка на администрацијата на Трамп за прекин на војната во Газа.
Претходно, пред почетокот на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, Трамп рече дека е „многу уверен“ дека може брзо да се постигне мировен договор меѓу Израел и Хамас.
Како што беше најавено, Трамп и Нетанјаху ќе одржат заедничка прес-конференција по нивните разговори во Овалната соба.