Средбата на израелскиот премиер Нафтали Бенет со рускиот претседател Владимир Путин во Москва по три часа, заврши, јави Си-Ен-Ен.
Според дописничката на Си-Ен-Ен од Ерусалим, канцеларијата на израелскиот премиер соопштила дека средбата се одржува во координација и благослов од САД.
Претходно Аксиос јави дека Бенет тајно отпатувал за Москва за да разговара со Путин за ситуацијата во Украина.
Ова е многу невообичаен потег на Бенет, кој во последните денови комуницираше и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се обиде да промовира прекин на огнот, констатира медиумот.
Аксиос посочува дека во Израел имало налог да се држи средбата во тајност, но портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопштил за неговиот престој во Москва.