Кинеските вооружени сили мора да зајакнат чувство за итни случаи и да напраат се што може да се подготват за борба, нагласи кинескиот претседател Син Џинпинг на состанок со воените команданти.

На состанокот Си рекол дека Кина се соочува со се поголеми ризици и предивизци и дека оружение сили мора да работат на зацврстување на безбедноста на државата.

Си, кој е и претседтаел на централната воена Команда, нагласил дека армијата мора да развие стратегија за новото време и да преземе одговорност за подготовка и водење војна.

– Светот се соочува со период на големи промени какви што немало сто години и Кина е во важен период на стратешки можности за развој, истакнал тој.

Си додал дека армијата мора да биде способна за брз одговор во итни случаи, да зајакне капацитети за заеднички операции и развие нови типови борбени сили.