Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека никој не може да го промени фактот дека Тајван е дел од Кина, нагласувајќи дека Пекинг е подготвен ако е потребно, и на употреба на сила за да се спречат сепаратистичките сили на Тајван.
– Независноста на Тајван може да не одведе само до мртва точка. Кина мора да биде обединета, и тоа ќе биде наведе Си во свечен говор во Пекинг. Тој истакна дека луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец треба да бараат обединување и дека независност на Тајван би предизвикала катастрофа.
– Сите луѓе на Тајван мора јасно да прифатат дека независноста би донела само длабока катастрофа на Тајван, рече Си.
Залагајќи се за напори за мирно обединување со Тајван, предупреди дека Кина нема да се мисли дали да употреби сила ако биде потребно без разлика дали се работи за странско мешање или внатрешни сепаратистички сили.
– Сакаме да создадеме широк простор за мирно обединување, но нема да оставиме простор за каков било облик на сепаратистички активности, додаде Си.