Во Сибир температурите достигнаа до минус 50 степени Целзиусови, поради што во некои области е воведена вонредна состојба.
Учениците во голем број училишта се на принуден распуст.
Поради временските услови, има проблеми и во воздушниот и во патниот сообраќај.
Според соопштението од неколку аеродроми, летовите доцнат и до седум часа, а во северен Сибир, воздушниот сообраќај е целосно затворен.
Во Новосибирск, каде температурата изнесува од минус 32 до минус 35 степени, дневно се откажуваат десетици автобуски линии.
И во источниот дел на Сибир се очекуваат екстремно ниски температури.
Хидрометеоролошкиот завод во Транс-Бајкалската област, каде што се предвидува температура до минус 52 степена, издаде предупредување за бура.