Лидерот на конзервативната Европска народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Манфред Вебер, „треба да се срами“ од учеството во организацијата за отстранување на владејачката унгарска партија Фидес од таа група партии, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Питер Сијарто.
Раководството на владејачката Фидес вчера соопшти дека ја напушти ЕПП.
Сијарто на Фејсбук напиша дали е време да се праша „колку часови“ Вебер помина во набавка на вакцини или што било потребно за да ги заштити животот, здравјето и работата на луѓето во Европа.
– Илјадници луѓе умираат во Европа секој ден, а десетици илјади страдаат од пандемијата. На Европејците им требаат вакцини и респиратори затоа што спасуваат животи, рече Сијарто.
Сепак, посочи тој, Вебер бил зафатен „со организирање смена на најуспешната членка на ЕПП и смислување бирократски трикови за постигнување на оваа цел. Затоа, Вебер треба да се срами од себеси“.
ЕПП вчера гласаше за промена на статутот за да се овозможи суспендирање на членството на една партија, не само на поединци од одредени партии, или целосно исфрлање на една партија доколку ги прекрши правилата.