Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, е сигурен дека Русија и Кина нема да им дадат на своите граѓани штетни вакцини против коронавирусот.
-Кога бевме мали, никој не размислуваше дали вакцините доаѓаат од истокот, а денеска сето ова е поврзано со заштитата на унгарското население од разни болести. Дали некој сериозен ќе помисли дека Русите и Кинезите намерно ќе им даваат штетни вакцини на своите граѓани, јавно се запраша Сијарто, пренесен од Тасс.
Тој додаде дека е подготвен да ја прими вакцината кога ќе дојде редот на цивилите и истакна дека унгарските експерти забележале високо ниво на руски технолошки стандарди и професионални вештини.
-Многу е сигурно дека ќе можеме да сметаме на руски вакцини во голем обем, ако тие можат да произведат толку многу, заклучи унгарскиот министер за надворешни работи.