Унгарија е подготвена да учествува во развојни проекти во Африка, насочени кон создавање услови за брзорастечкото население на континентот да остане во своите земји и да се запре масовната нелегална миграција, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Сијарто на заедничката прес-конференција во Будимпешта со својот колега од Боцвана, Фенџо Бутале, рече дека Европа мора тесно да соработува со Африка за да ја ограничи масовната нелегална миграција. „Доколку не се започне сеопфатна програма за европско-африканска соработка, Европа ќе се соочи со голем миграциски ризик“, рече Сијарто, јавува МТИ.