Европска Унија продолжува да им предлага на своите членки антиизраелски мерки, но Унгарија продолжува да ги одбива и гради „стратешки сојуз и пријателство“ со Израел, објави денеска на Фејсбук шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Тој денеска се сретна со директорот на Регионалниот совет на Шомрон (Самарија), Јоси Догон. Тема на средбата беше ситуацијата на Блиски Исток.

– Разговаравме и за ситуацијата со христијанските заедници на Блискиот Исток и се согласивме дека нивната заштита и безбедност се важна заедничка задача, посочи Сијарто.

Тој додаде дека Западна Европа и понатаму е зафатена од антиизраелски чувства.