Откако полскиот премиер Доналд Туск му се закани на унгарскиот колега Орбан со последици ако не се повлече од најавите за блокада на европските санкции кон Русија доби непријатен одговор од Будимпешта.
Шефот на унгарската дипломатија Сијарто му одговори на Туск во кој вели дека е тешко за агентот на Сорос да разбере, во кој тим игра владата на Орбан.
„Ова можеби е тешко да го разбере агентот Сорос, но кога се работи за тимови, ние играме за унгарскиот тим. Затоа ги застапуваме унгарските интереси и не сме подготвени да ја платиме цената на туѓите војни и нема да дозволиме никого да го загрози снабдувањето со енергија на Унгарија, бидејќи за нас е „Унгарија на прво место“, одговори Сијарто на коментарот на Туск на Фејсбук.
Туск напиша дека доколку Виктор Орбан навистина ги блокира европските санкции за Русија , ќе стане целосно јасно дека тој игра за тимот на рускиот претседател Владимир Путин, а не за европскиот тим.
Орбан преходно рече дека неговата земја има штета од 18 милијарди евра поради санкциите.
Туск во изјавата го обвини Орбан дека е играч во тимот на рускиот претседател.
,,Ако Виктор Орбан навистина ги блокира европските санкции во клучниот момент за војната, ќе биде апсолутно јасно дека во оваа голема игра за безбедноста и иднината на Европа, тој игра во тимот на Путин, а не во нашиот. Со сите последици од овој факт”, напиша Туск без да прецизира со какви последици може да се соочи Орбан.