Силен земјотрес со магнитуда од 4,7 по Рихтеровата скала утрово по погоди подрачјето на Шибеник, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.
Епицентарот бил на 13 км југоисточно од Шибеник. Потресот е регистриран во 5 часот и 59 минути и почувствуван на поширокото подрачје на Задарската и Шибенско-книнската жупанија.