Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала, со епицентар на длабочина од 60 километри под океанското дно, утрово го погоди северниот дел на Јапонија, а зградите се затресоа и во главниот град Токио.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Надлежните соопштија дека не постои опасност од појава на цунами, а американската служба за следење на земјотреси потврди дека измерената јачина на потресот изнесувала 6,8 степени.
Супербрзите возови времено го прекинаа сообраќајот, а безбедноста на локалните железнички линии на долги релации се контролира долж пругата, но без доцнење во сообраќајот на редовните линии.