Силен земјотрес со јачина од седум степени денеска ја погоди Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се случил во 7 часот и 34 минути по локално време со епицентар во близина на островот Итуруп, на длабочина од 160 километри.

Досега не е издадено предупредување за цунами, а нема ниту податоци за материјална штета.