Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 17 декември 2025 година, среда, на церемонија со почеток во 13:00 часот ќе го врачи признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година, што го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија, под нејзино покровителство.

Признанието се доделува на домашни компании коишто придонесуваат за развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата и на меѓународно ниво.