Први мај е голем празник за нашето семејство. Секогаш сме го славеле заедно, напиша на Фејсбук кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова и сподели фотографиите како го поминува денешниот празник.
„Работата го прави човекот! Трудот треба да се цени и наградува и дома и на работа!
Денес прославивме во прекрасниот амбиент на винарија „Сопот” со сопругот Баже, ќерка ми Марија и мојот тим“, напиша Силјановска Давкова.