Денес од пред Влада на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните се обрати Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Таа се заблагодари на граѓаните што излегоа на протест и во време на КОВИД-19. Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев.
-Ви благодарам за храброста, знам дека се грижите за здравјето како и самата јас. А, денес сме овде бидејќи во прашање е здравјето на Македонија. Покрај почитувањето на мерките за заштита од КОВИД-19, не штити и правото, правдата ама се чини и севишниот. Што сакам да кажам? Забележувате дека ако сакате да ве почитуваат мора да имате самопочит. Јас за тоа им благодарам на сите оние, не само оние кои се овде туку и на оние кои што се одважија гласно да ја изразат самопочитта кон себе, кон својот народ, кон своите граѓани, кон својата држава. И тоа не е случајно. Горда сум на Универзитетот на кој што многу генерации сум учела на право, правда и морал, исто така што се огласи. Универзитетот „Кирил и Методиј“, Институтот за национална историја, МАНУ, Машински факултет, Европското движење чиј еден од основачите сум, и уште многу други институции но и интелектуалци, но и луѓе кои што се основачи на многу партии, истакна Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова посочи дека Македонците не се без корен. Република Македонија има длабоки корени во минатото. Името Македонија се споменува и во Библијата. Оваа држава не може никој да ја уништи, нејзината историја е длабока што не може ниту еден договор да ја избрише. Македонците како и сите народи имаат право на своја историја, свој јазик и свој идентитет.
-Не не сме ние без корен. Името Македонија ќе го најдете не само во Библијата, туку во многу, многу книги. Името ќе го најдете во многу, многу анализи, на многу карти, рече Силјаноска Давкова.
Силјановска Давкова додаде дека е срамота тоа што го говори владата и Заев. Ги покажа фотографиите каде што татко и добил ордени за храброст бидејќи бил еден од учесниците кои што го ослободиле градот Кичево. Македонците ја ослободиле Македонија од фашизмот, тука не помогнале Бугарите. Се срами што во 21 век се оспорува историја, јазик, идентитет. Но верува дека народот ќе ја одбрани Македонија од вирусот кој ја нападна државата. Македонскиот народ нема да дозволи веќе Зоран Заев да ја понижува и распродава државата.