Поенти од гостувањето на Гордана Сиљановска Давкова на Канал 5:
Не сум видела натпис во Грција со „Северна“.
Барам разбирање, го имаме Преспанскиот договор, се смени уставот, сменивме документи, дури и шахтите ги сменивме, време е другата страна да покаже кооперативност.
Ако зборуваме за демократија треба сите да внимаваме што бараме.
Крајната десница е евроскептична и нема разбирање за проширувањето, а како што гледаме тие сили во време на војна се во пораст.
Да беа совесни и етични тие во Судскиот совет по сите скандали, сами ќе си поднесеа оставки.
Ако треба постојано да внимаваме на етничка застапеност, во еден орган каде што има многу моќ јас ставив две жени.
Мислам дека г-ѓата Бежовска е добра гувернерка и дека претходните биле одлични, не сум разговарала за нејзина промена.
Власта не смее да се однесува со опозицијата како што се однесуваше претходната, треба силна и конструктивна опозиција, посакувам СДСМ да излезе од кризата во која што е.
Сите влади треба да вклучуваат и албански партии заради градење меѓуетнички односи, се надевам по 20 години учество во парламентот ДУИ научија што е демократија.
Во кабинетот ми посочија дека си имало ротации, дека на ред е да оди владата, можеби Мицкоски ќе има непријатно, а можеби пријатно искуство во Вашингтон.
Сликата понекогаш може да биде омраза не само говор на омраза, не сум љубителка на протоколи.