Во првата претседателска дебата пред вториот круг на ТВ21, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова изјави дека „во ДУИ има две струи – едните ЗА едните ПРОТИВ“.
Прво, бојкот на некој којшто е најголем добитник во првиот круг апсолутно не му одговара, второ ние сме сведоци, јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи – едните за едните против. Инаку, мене воопшто не ме интересира дали некој ме поддржувал или не, избирачкото право е лично политичко право, едно од најважните и граѓаните гласаат, вели Давкова во ТВ21.