Кандидатот за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Кривогаштани.
Силјановска истакна дека како и во другите општини така и во Кривогаштани животот е се потежок, а стандардот низок, нагласувајќи дека кога ќе стане претседател ќе стори се што е во нејзина моќ да го врати достоинство и угледот како на граѓаните, така и на Република Македонија.
„Во Кривогаштани, како и во другите места, луѓето се вредни и чесни. Животот е тежок, стандардот низок. Тешко е да се гледаат нивните напатени лица и закоравени раце. Ако станам претседателка ќе сторам се што е во моја моќ да им го вратам достоинството. Но, ним им значи и Македонија, не само личниот стандард. Им ветив дека ќе си го вратиме угледот на нашата Македонија. Им реков, ве молам зборувајте со вашите пријатели, објаснете им дека само заедно ќе ги вратиме владеењето на правото и правдата за Македонија“, кажа Силјановска Давкова.