Силјановска Давкова ги поздрави граѓаните во Свети Николе и им се заблагодари што ја поддржуваат да стане претседател на Република Македонија, бидејќи заедно со нив таа се чуствува посилна во борбата за да правдата и правдината завладеат во Република Македонија, и да се стави крај на заевизмот.
-Изворот на мојата енергија е длабоката верба дека кога верувате во право и правда во Македонија и за Македонија, на правата страна сте. Затоа и ние правниците велиме зборуваме за правен лек, правните лекови ја прават лошата политика подобра. Ама лошата политика не може да го згази правото. Лошата политика треба да се санкционира. Власта нон стоп зборува за политика, а ние нон стоп ги предупредуваме на правото, ама правото е пред политиката. Оти ако политиката не е ограничена со правото, ако не е под правото, ако не е врамена во правото таа ќе доведе до дискрециони овластувања. Ќе доведе до постапувања што не водат сметка за човековите слободи и права, појасни Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека нема потреба да објаснува бидејќи овие две ипол години народот се изнагледа на неограничена политика, незауздана политика, а последиците се видливи и познати.
-Денешните истражувања и анкети покажуваат дека граѓаните во Република Македонија на прво место во својот живот ја ставаат економијата и економскиот развој, а него го нема. Се фалат дека сјајни биле, дека сите ги сакале, дека дури и Нобелова награда за мир ќе им доделеле. Ама народот не мисли така. Се повеќе млади си заминуваат повеќе од 78% од најумните, од најспособните, од најпотребните за Македонија заминуваат во еден правец, нагласи Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова вечерва во Свети Нколе посочи дека токму оваа младина на Македонија е потребна, но изгледа по постапките на власта оваа младина не и е поребна, кога дозволи да си заминат во еден правец.
-Секој ден слушаме како фамилијата добила уште еден бизнис, секој ден дознаваме за некој нов скандал. А, економијата на дното сме во регионот. Странците нашиот економски амбиент го оценуваат со нула. Ама економскиот амбиент не постои сам за себе, не може да постои во џунгла, економски амбиент вирее во правна држава во која има извесност за капиталот. А, капиталот за да остане овде бара гаранции правни, бара квалификувана работна сила, а таа сила си заминува. Бара правила на играта, бара добро образование, а него го нема. Бидејќи ним не им треба добро образование. Ним им треба фабрики за дипломи, зошто само таквите ги вработуваат во администрацијата, рече Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова поосочи дека без владеење на право и правда, битка со криминал и корупција, битка со непотизам, подобрен здравствен систем, квалитетно образование тешко ќе добиеме датум за преговори за ЕУ.
-Дојде времето да си помогнеме едни на други, а тоа е на 21 април. Мислам дека е важно она што им го негиравме за време на референдумот, не давајќи им никаков легитимитет, сега да го потврдиме изборно. Бидејќи изборите даваат и изборите одземаат легитимитет. Изборите велат мојот суверенитет нема да ви го пренесам бидејќи не го заслуживте, го негиравте. Оти ние рековме НЕ, а тие сами си рекоа ДА. И не само ДА туку едно чудо закони прекршија. Го прекршија Уставот и сега глумат дека се Европјани, појасни Силјановска Давкова.