Притисок врз судството, а можеби и момент на слабост. Вака претседателката на државата Давкова – ја оквалификува изјавата на Ахмети дадена за ТВ 24, дека ќе излезе на улица и нема да се врати назад – ако го осудат неговиот сопартиец Бектеши.
Се надева дека ДУИ по 20 години на власт – веќе научиле дека треба да се почитуваат институциите и начелото на поделба на власта.
Но, не само третата судска власт и уставниот суд треба да се остави на мир да си ја врши работа – порача Давкова во пресрет на расправата за Законот за јазици. За него ДУИ протестираа, а најавија и нови доколку се укине како што го толкуваа духот на Охридскиот рамковен договор.
Ахмети по извесен период политички молк во изјава за ТВ 24 порача дека ќе повика на протести, а ќе ги поддржи и семејствата на загинатите во Кочани.
Од владата му порачаа на првиот интегративец да не се крие зад националистичката реторика. Од македонската опозиција пак порачаа партиите да не ја злоупотребува трагедијата во Кочани.