Гордана СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА
Македонска Преспанска трагедија
17 јуни. „Прослава“ БЕЗ НАРОД! Намуртено небо. Разбранувано, налутено езеро. Чамец со неколкумина свечено облечени ликови, со симнати маски и натокмени наочари. Глумат гордост, евоцираат незаборавни спомени, даваат победнички изјави.
Не знам што слават Заев, Костадинов, Димитров и Мисовски? Веројано СЕБЕСИ, како „историски“ актери-статисти!
Ципрас громогласно ја слави Преспанската победа, а дотераниве дошле да го слават нашиот Преспански пораз.
Заев ја избриша македонската историја, а Ципрас ја запиша како грчка.
Ципрас вели дека „историјата им оддава почит на оние кои ја пишуваат , а не на оние кои се влечат зад неа.
Се разбира, тој е допишувачот на грчката историја, а Заев се влечка зад неа, како бришач на македонската.
Ципрас си го надгради и разубави грчкиот идентитет, а Заев си го осакати и осиромаши македонскиот.
Да, се обиде да го закопа и забетонира македонското минато, а со него и дел од македонскиот идентитет и почна да гради нова северномакедонска историја и северномакедонски идентитет во времето на династијата на Заеви, на чело со Заев Први Преспански!
Ама, ќе остане запишано дека на 15 јули НАРОДОТ што тагува кога ВЛАСТОДРЖЦИТЕ слават се побунил и го урнал режимот на Заев Први Преспански.