Горда ан СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА

Убаво е чувството кога при секое мое доаѓање во Италија се отвора можност за плоден, искрен и суштински разговор со мојот колега, италијанскиот претседател Серџо Матарела – политичар, државник и наш голем пријател.

Во отворениот разговор ги реафирмиравме заложбите за реинтеграција на Западен Балкан, за нашата реунификација во ЕУ втемелена на принципите што се важни за демократијата и за нашиот просперитет.

Зборовите на Матарела се охрабрувачки за македонските граѓани, тие се потврда дека Италија била, е, и ќе остане наш искрен поддржувач на овој тежок пат.

Му се заблагодарувам за јасната порака дека ЕУ не смее да дозволи ние да бидеме жртва на трендот на билатерализација поврзана со идентитетски прашања којашто го кочи проширувањето на Унијата.

Обајцата изразивме надеж дека ќе дојде до културен и одговорен дијалог со нашите соседи, во духот на заемно разбирање и почитување, со цел да се изнајде најдоброто решение и за нас, за сите земји кандидати, но и за ЕУ.

Без принципите и вредностите коишто се утврдени во нејзините основни акти, Европската Унија не може да биде филозофија, ниту пак престижна и инспиративна заедница!